Kultur Mazedonien Unkategorisiert

In Memoriam-Емрах Мехмеди (09.08.1990 – 11.06.2020)

???????? Македонија 12.06.2020

in Memoriam Емрах Мехмеди 

(09.08.1990 – 11.06.2020) R.I.P

Вчера напладне во градската болница во Дебар, трагично и ненадејно на 29 годишна возраст почина Емрах Мехмеди , од долнореканското село Жировница.

Пријателите и колегите од естрадата преку социјалните мрежи во тага и неверување, се збогуваат со младиот Емрах. Неговиот живот згасна прерано, два месеци пред да наполни 30 години. Зад себе остави сопруга и две деца. Ќе биде погребан денес во 17 часот на Селските  гробишта во Жировница. 

Емрах останува запаметен по неговиот убав и пријатен бисерен глас и негувањето на македонската народна музика. Емрах останува потпишан како автор на неколку македонски народни песни: „Да се вратам од туѓина”, „Кога тргнав на печалба” и други, а секогаш со гордост ја пееше “Жировницо пуста останала” која навистина денес пуста остана, ја напушти завиена во жал и тага. 

Емрах ја претставуваше Жировница, Долна Река и Македонија и надвор од границите, на концерти , домашни веселби и разни културни манифестации во Р.Турција, Италиа ,Германија и други европски држави каде претежно се населени Реканците. Добитник е на многу признанија и благодарници.

Господ  да ти се смилува Емрах и да те одведе право во Рајот, почивај во мир. Сочувство до семејството Мехмеди и најблиските.. 

За спомен и долго сечавање неколку видео записи: 

“Селвија мома убава”

 “Жировницо пуста останала” 

 „Кога тргнав на печалба”

“Да се вратам од туѓина”

“Девојче бело црвено”

“ Бре гиди Чаним “