Business Diaspora Mazedonien

“Gerresheimer GmbH“ од Дизелдорф доаѓа во Македонија

Гигантот “Gerresheimer GmbH“ од Дизелдорф доаѓа во Македонија.

Светскиот бренд во производство на амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија „Гересхајмер“ АГ , со седиште во Дизелдорф Германија ,ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје.

Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.

Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властa, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.

Договорена е огромна инвестиција, втора по потпишување на протоколот за членство во НАТО. Со оваа инвестиција, ќе се отворат 400 нови работни места, Тоа значи дека инвеститорите ја препознаваат земјата како стабилна и сигурна дестинација ,пренесе Премиерот Зоран Заев.

Компанијата во моментов има 50 фабрики во светот. Годишниот промет на „Герешајмер“ е 1,3 милијарди евра, или 1/3 од буџетот на Македонија.

АС