Business Diaspora Kultur Lernen

Cекој Германец годишно во просек пие по една када полна со алкохолни пијалаци

02.05.2019

Во Германија се консумираат големи количини алкохол и секој Германец годишно во просек пие по една када полна со алкохолни пијалаци, покажува годишниот извештај за болести на зависност.

Според последните пресметки, потрошувачката на алкохол во Германија во 2017 година изнесувала околу 131 литар на жител, што е два отсто помалку отколку една година порано, објави германската Централна канцеларија за зависности (DHS) во Берлин.

Сепак, овој благ пад не е причина за прослава, се наведува во извештајот, бидејќи количината од 131 литар соодветствува на када полна со алкохол. Во извештајот како најнови податоци за консумирање алкохол се наведуваат бројки од 2017 година.

Консумираниот алкохол за време на одмор во друга држава нее земен во предвид. Просекот би изнесувал уште многу повисок

AS