Diaspora Unkategorisiert

Иако Германија е една од земјите со најмногу заразени со коронавирус, досега починале само 44 лица.

20.03.2020 Македонија

Експертите објаснуваат зошто во Германија има 44 починати од вкупно 16.000 заразени

Иако Германија е една од земјите со најмногу заразени со коронавирус, досега починале само 44 лица.

Ричард Пебоди од Светската здравствена организација се обиде да објасни зошто.

„Немаме точен одговор на тоа прашање, но веројатно е комбинација на различни фактори“, вели тој.

Во моментот Германија има 25.000 кревети во единиците за интензивна нега, како и респираторни уреди. Владата објави дека ќе го удвои бројот на кревети во наредните недели за да избегне голема навалица во болниците.

Дури е објавено дека хотелите и големите јавни сали ќе бидат претворени во болници за пациенти со полесен облик на болеста.

За споредба, Франција има 7.000 легла за интензивна нега, додека Италија има само 5.000. Во Велика Британија тој број е 4.000, а властите тврдат дека имаат 5.000 респиратори.

Причината за ваквата мала смртност во Германија може да биде и раното тестирање. Директорот на Институтот за вирологија во Берлин, Кристијан Дростен, рече дека ја препознале болеста рано.

За разлика од Италија, претежно помлади луѓе се заразени во Германија, што исто така може да биде фактор што доведува до пониска стапка на смртност.

AC