Unkategorisiert

Уредба во врска сопречекорувањето на дозволениот рок за престој на странци во СРГ, предизвикано со Корона кризата

Почитувани

Информираме дека Сојузното Министерство за внатрешни работи, градежништво и татковина, донесе Уредба во врска сопречекорувањето на дозволениот рок за престој на странци во СРГ, предизвикано  со Корона кризата.

Во Уредбата се наведува дека:

  (1) Странците кои престојувале во сојузната територија (СРГ) на 17 март 2020 година со важечка шенген виза, или кои влегле во сојузната територија (СРГ) со важечка шенген виза по 17 март 2020 година, а пред влегувањето во сила на оваа уредба, и кои во  време на влегувањето во сила на оваа уредба, се нашле на сојузната територија (СРГ), се ослободени од барањето за дозвола за престој од денот на истекот на важењето на шенген визата, се’ до 30 јуни 2020 година. 

(2) На странците кои се ослободени од барањето за дозвола за престој во согласност со став 1, им е дозволено да работат работа предвидена во  нивната шенген виза, до 30 јуни 2020 година. Ова, исто така вклучува вработувања кои не се сметаат за вработувања во смисла на Законот за престој.

Уредбата стапува на сила на денот на нејзиното објавување (09.04.2020) и важи до 30.06.2020 година.

Во прилог ја доставуваме Уредбата на надлежното германско министерство.

Со почит

Амбасада на Република Северна Македонија во Берлин