Kultur Lernen Mazedonien

Увавините на Река / Дуфски Водопад

14.06.2019

“Увавините на Река”

Денес како тема го издвојуваме Дуфскиот Водопад (Duf Falls)

 

По долината на реката Радика, констатирани се 6 водопади, а еден од најпознатите е Дуфскиот водопад и се наоѓа на оддалеченост од 30 минутно пешачење од населено место Ростуше.

Водопадот се наоѓа во близината на селото Ростуше, на падините на планината Крчин, каде што е сместен во густа шума. Тој претставува ерозивен водопад кој е создаден како последица на регресивното всекување на речното корито на Ростушка Река. Според геолошката структура, најзастапени се карбонатните карпи. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 23,5 метар, а подинскиот дел содржи џиновски лонец. Водопадот е полноводен во текот на целата година, при што протокот е двојно поголем во текот на зимата, а во просек изнесува околу 90 литри во секунда.

Водопадот се наоѓа на леснодостапно место и за да се дојде до него не е потребен голем физички напор. До него води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри, така што, доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час. Од половина пат, патеката води по кањонот на Ростушка Река, кој на некои места е длабок и до 100 метри. На крајот од кањонот се наоѓа водопадот, скриен позади карпите, со висина над 25 м. На местото е поставена алпинистичка опрема со која посетителите може да се искачат по карпите што го обиколуваат водопадот.

 

(Ростуше лежи на надморска висина од 720м и е лоцирано на десната страна од реката Радика, со население од 872 жители, во оваа населено место исто е лоцирано и археолошкото наоѓалиште Градиште/Кале.)

 

 

 

 

 

 

Фото А.А

Текст А.С