Mazedonien Unkategorisiert

“Техно Блок” реализира серија донации за социјално ранливите категории во општина Маврово и Ростуше

19.03.2020 Македонија

“Техно Блок” реализира серија донации за социјално ранливите категории во општина Маврово и Ростуше

Како социјално одговорна компанија, чувствуваме одговорност да им помогнеме на граѓаните од овој регион. Во време на вонредна состојба во државата, во време кога целосно сме посветени и се бориме со широко распространетиот вирус, компанијата “Техно Блок” од Скудриње продолжува со серија донации за социјално ранливите категории. Оваа донација е симболична порака до нашите сограѓани од социјално ранливите категории дека не се сами и не се заборавени. Добро е она што го имате да го споделите со оние што немаат, во услови како што моментално имаме со Пандемија – Ковид19 , да споделуваме добрина и разбирање. Сакаме да прерасне во редовна активност во која фирмите и граѓаните ќе им помагаат на ранливите категории сограѓани, кои не можат да си го дозволат основното. Наша цел е оваа акција да биде дисперзирана во речиси сите градови низ земјава, не само во Маврово и Ростуше . Храната е основно човеково право, а јас верувам дека македонските граѓани се хумани луѓе и дека безрезервно ќе поддржат акции со донации за нашите сограѓани. Со ваква акција компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа, секогаш излегувајќи во пресрет на потребите на граѓаните. Ова е мал гест на грижа и внимание со кој се надеваме дека ќе помогнеме,Изјави Сопственикот Зејнула Елези.

Компанијата “Техно Блок” во текот на вчерашниот ден и денеска донираа разновидни прехрамбени продукти за над 200 социјално ранливи семејства во општина Маврово и Ростуше.


АС