Kultur Lernen Mazedonien

Струмички Карневал 2019 (фотогалерија)

10.03.2019

ШАРЕНИЛО ОД МАСКИ ЈА НАПОЛНИЈА СТРУМИЦА (ФОТОГАЛЕРИЈА) 

Околу 2.000 учесници од 47 карневалски групи продефилираа по струмичките улици.

Карневалот го следат десетици илјади посетители претежно од земјава, но гости по струмичките улици имаше и од Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Разновидни креации и музичко-сценски настапи, презентираа карневалците, потсетувајќи дека Струмица е балканскиот Рио со својот раскош, убавина и посетеност.

Струмичкиот карневал како повеќевековна традиција е еден од најпрепознатливите културни белези на Струмица, а во последната деценија стана еден од најдобрите карневали во Европа и светот. Тоа не прави среќни и горди, но во исто време ни ги зголемува желбите и амбициите, секое издание на Струмичкиот карневал да биде поуспешно од претходните. Самата манифестација има повеќенаменско значање, така што покрај верноста кон традицијата, која  ја негувале и ја негуваат генерации и генерации струмичани, Струмичкиот карневал со својот меѓународен карактер, претставува и вистински културен амбасадор на град Струмица , но и на Република Северна Македонија. Преку повеќегодишното членство во Асоцијацијата на европските карневалски градови, Струмица и нашава земја од пооддамна се дел од културна и обединета Европа. Струмичкиот карневал го оправда својот висок рејтинг и дека сите уживавме во убавините на маските и во креативноста на учесниците од земјава и странство.

АС