Unkategorisiert

Стотина Македонци во карантин , вработени во кланицата „Tönnies“.


18.06.2020 Германија 

Стотина Македонци во карантин , вработени во кланицата „Tönnies“

Во цела Германија во последните 24 часа регистрирани се 580 нови случаи на Ковид-19, соопшти институтот Роберт Кох.  

Вкупниот број на досега регистрирани случаи изнесува 187.764. Во последното деноноќие од последиците на болеста починале 26 луѓе со што вкупниот број се искачи на 8856. Како оздравени се водат 174.100 луѓе.  Жаришта на коронавирусот се појавија во неколку германски кланици во последните недели поради што властите воведоа построги сигурносни мерки и привремено ги затворија погодените кланици.

Голем кластер со преку 650 заразени сега се појави во кланица во провинцијата Гутерслох.  Скокот на бројот заразени во кланицата „Tönnies“ го зголеми бројот на заразени случаи во овој регион над прагот утврден за воведување вонредни мерки, кој изнесува 50 новоинфицирани на 100.000 жители на неделно ниво.

Според властите  досега се тестирани 983 вработени во кланицата „Tönnies „ во местото Реда-Виденбрук , од кои 657 позитивни и 326 теста се негативни. Наредено е затворење на кланицата, како и изолација и тестирање на сите кои работат во комплексот , со што околу 7.000 луѓе се наоѓаат во карантин. 

Дел од вработените во оваа компанија се наши сограѓани од Македонија, се надеваме се во добро здравје и лесно ќе ја поминат оваа критична состојба, од утре со помош на армијата, ќе бидат сите 5300 останати , масивно тестирани.

АС