Kultur Lernen Mazedonien

Стадионот „Филип Втори“ преименуван во Национална арена „Тоше Проески“

Стадионот „Филип Втори“ преименуван во Национална арена „Тоше Проески“

Стадионот „Филип Втори“ ќе биде преименуван во Национална арена „Тоше Проески“. Ваква одлука донела Владата на денешната 129. седница, а на социјалните мрежи објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одлуката е во склоп на исполнување на обврските што произлегуваат од преспанскиот договор, а од Владата велат дека Тоше Проески е избран како личност што оставила траен белег во македонската и регионалната современа историја.

Градскиот стадион во 2009 година беше преименуван во Национална арена „Филип Втори“.

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 Во Прилеп – 16 октомври 2007 Нова Градишка ХР — светски познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Тоше трагично Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, е прогласен за Ден на национална жалост.

АС