Diaspora Kultur Lernen

Сојузна Република Германија / Bundesrepublik Deutschland

11.06.2019

Германија, службено Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland),сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин.

Германија покрива површина од 357.021 км² и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.

Сојузна Република Германија

Bundesrepublik Deutschland

Местоположбата на  Германија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темнозелена)

– во Европската Унија  (зелена) 

Главен град (и најголем), Берлин

Службен јазик, германски

Сојузна парламентарна уставна република

 •Претседател

Франк-Валтер Штајнмаер

 • Канцелар

Ангела Меркел (CDU)

 • Претседател на Бундестаг

Волфганг Шојбле (CDU)

 • Претседател на Бундесрат

Малу Дрејер (SPD)

Создавање

 • Свето Римско Царство

2 февруари 962 

 • Обединување

18 јануари 1871 

 • Сојузна република

23 мај 1949 

 • Реобединување

3 октомври 1990 

пристапила во ЕУ

25 март 1957

Површина • 

Вкупна

357.021 км2 (63.)

 • Вода (%)

2.416

Население

 • проценка за 2017 г.

82,800,000

 • Густина

232 жит/км2 

БДП (ПКМ)

проценка за 2011 г.

 • Вкупен

$3.089 трилиони[2] (5.)

 • По жител

$37.935[2] (18.)

БДП (номинален)

проценка за 2011 г.

 • Вкупно

$3.628 трилиони[2] (4.)

 • По жител

$44.555[2] (19.)

Џиниев коеф. (2016)

 29.5

низок

ИЧР (2013)

▬ 0.911[4]

многу висок · 6та

Валута

Евро (€)(EUR)

Часовен појас

CET (UTC+1)

Се вози на десно

Дански, долногермански, лужички, ромски и фризиски се официјално признаени и заштитени како малцинско од ECRML.

2.Пред 2002: германска марка (DEM).

3.Исто така, .eu, го дели со земјите-членки на Европската Унија.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[7] Окупирана за време на Наполеонските војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.

Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.

Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

АС