Unkategorisiert

Скапите кирии се главниот проблем на многумина во Германија.

24.06.2019 , Германија

Скапите кирии се главниот проблем на многумина во Германија.

Скапите кирии се главниот проблем на многумина кои доаѓаат да работат во Германија. Незадоволството на луѓето од ваквата ситуација секојдневно расте, а власта е немоќна да го запре овој раст.Ваквото незадоволство оваа пролет резултираше со протест од страна на десетици илјади луѓе.

Бројките покажуваат дека во текот на изминатите пет години износот на кириите се покачил за неверојатни 11,4%.

Ова се цените на кириите,

за сите што сакаат да се преселат во Германија:

Најскапите станови се наоѓаат во Минхен. Во овој град метар квадратен во просек изнесува 18 евра. На второ место се наоѓа Франкфурт со 14,2€/м2 , а веднаш после него со минимална разлика е Штутгарт со 14 €/м2. Хамбург 12.12 €/м2. Касел 7.74 €/м2, Дортмунд 7,75€ м2.

Во главниот град Берлин, просечната цена е 6,72 евра, најповолен е Бон во Северна Рајна-Вестфалија 4,64 евра за метар квадратен.

АС