Diaspora Mazedonien Politik Unkategorisiert

Северна Македонија и официјално е 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот “НАТО“

17.03.2020 Македонија

Шпанскиот парламент го ратификуваше протоколот за НАТО

Шпанскиот парламент го ратификуваше протоколот за НАТО со ниту еден против со што Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО.
-Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.


Шпанија беше последната од 30-те членки кои го ратификуваа договорот.


Испишавме историја!

Во овие денови кога сите се бориме со заканата од коронавирусот, добри вести стигнaa од Мадрид.

Шпанскиот сенат пред малку го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со ова, сите 29 земји членки го ратификуваа Протоколот, Северна Македонија и официјално станува 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот.

Нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас ќе биде рамноправен со гласовите на најмоќните држави.

Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но и подобар животен стандард.

Една од двете стратешки цели на генерации наши граѓани е остварена, затоа ќе продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!
Изјава на Зоран Заев.

АС