Business Diaspora Unkategorisiert

Просечната нето плата во Германија е 1.890 евра месечно

02.12.2019 Германија

Просечната плата во Германија е 1.890 евра месечно

Просечната нето-плата во најголемата европска економија, Германија, е околу 1.890 евра месечно, покажува најновата статистика. Според податоците на порталот „Баварска меркур“, просечната бруто-плата за вработените со полно работно време е 2.860 евра. Вработените со полно работно време, од 35 до 40 часа неделно, добиваат во просек околу 3.770 илјади евра.

Според порталот за статистика за статистика на Германија, платите на жените и мажите сè уште се разликуваат. Во просек мажите заработуваат 22 процента повеќе од своите колешки. Мажите што работат со полно работно време просечно заработуваат 3.960 илјади евра месечно бруто-плата, а жените што работат со полно работно време заработуваат 3.330 илјади евра.

Највисоки просечни плати има во Минхен, Штутгарт, Диселдорф и во Хамбург, а најниска во Дрезден, Лајпциг и во Дуизбург.

АС