Kultur Lernen Mazedonien

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Алексaндра се сретнаа со папата Фрањо

07.05.2019 Скопје

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Алексaндра се сретнаа со папата Фрањо во претседателската резиденција на Водно.

Според протоколот за првата посета на папата во земјава, тој прво се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, а потоа и со премиерот Зоран Заев.

Од Владата велат дека премиерот имал одделна средба со папата, а кон крајот на неа му се придружиле и сопругата и ќерката.

 

Папата Фрањо го поздрави семејството Заеви, откако сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра се приклучија кон крајот од средбата

„На средбата уште еднаш е потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја, воспоставена со мисијата не сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, со чевствување на нивното дело, што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан“, соопшти Владата.

АС