Diaspora Mazedonien

Прв стратешки документ врзан за соработката со дијаспората од независноста до денес

На денешната Прес конференција на влада, министерот задолжен за дијаспора , г.дин Едмонд Адеми ,ја презентира Националната стратегија за соработка со дијаспората, што Владата на Република Северна Македонија ја усвои на вчерашната 124 седница. 

  

Од независноста до денес, ова се први вакви документи усвоени од страна на една Влада во насока на воспоставување на институционална соработка меѓу државата и дијаспората.

Дијаспората е дел од оваа држава и затоа ние и така ќе ја третираме. Промовираме еден нов концепт на соработка кој е дијаметрално спротивен на она што беше пракса досега.

Веруваме во институционална соработка, а не соработка по партиска основа со дијаспората. Само така можеме заеднички да чекориме напред, истакна Адеми. 

Видео ▶️  https://youtu.be/XAEshaAEjk0