Business Diaspora Mazedonien

Последните 5 години ,Виза за работа во Германија добиле над 8 илјади Македонци

Од Македонија доаѓаат добро квалификувани работници за работа во Германија

Бројот на луѓе од земјите кои не се членки на ЕУ кои имаат работна дозвола во Германија веќе трета година по ред расте за околу 20 отсто. Речиси една четвртина од нив во 2018 година се од државите од Западен Балкан.

Германскиот Сојузен завод за статистика соопшти дека минатата година за 20 насто пораснал бројот на луѓе од земјите кои не се во ЕУ, а кои работат во Германија.

Истражувањето го покажа следното:

-Бројот на луѓето кои не се државјани на ЕУ, а имаат работна дозвола во Германија се зголеми од 217.000 во 2017 година на 266.000 во 2018.

-Ова е трета година по ред како овој број расте за 20 отсто.

Во Германија доаѓаат квалификувани работници од Македонија

Во текот на изминатите пет години, од Македонија во Германија виза за работа во Германија добиле над 8 илјади луѓе (лица со македонски пасош, н.з.). Бројот на издадени визи за работа во 2013 година изнесувал само 556, а во 2017 – 4.415. Според податоците на ИВ, најмногу визи за работа во изминатите пет години добиле државјани на Босна и Херцеговина – околу 40.000.

Експертите од ИВ ги анализираат податоците добиени од Централниот регистар и од Сојузната агенција за работа. Според нив, бројот на мигрантите од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово кои работат со платени придонеси во Германија е зголемен за над 80.000 во последните три години и тоа од 183.000 во март 2015 година на 268.000 во март годинава. Притоа, 162.000 од оваа група работници работат во професии за кои е неопходно најмалку две или тригодишно професионално образование. Повикувајќи се на податоци од Сојузната агенција за работа, каде не се вклучени податоци од Црна Гора, ИВ констатира дека најголем број работници од Западниот Балкан работат во услужните дејности, во градежништвото, здравството и трговијата.

АС