Diaspora Kultur Mazedonien

Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив

Другари и другарки од дијаспората, вечерва гласајте за Тамара Тодевска на Евровизија. Настапува под реден број #17 со песната #Proud. #TeamTamara #ESC2019 #Eurovision #NorthMacedonia

Пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

На Евросонг учествуваат 41 земја, а покрај домаќинот Израел, пет земји (Франција, Италија, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство) имаат директен пласман во финалето. 

финалето ќе се одржи в сабота, 18 мај.

АС