Diaspora Lernen Mazedonien

Од денес Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија

Од денеска Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија

11.02.2019

Таблите и натписите кои го означуваа досегашното име на нашата држава Република Македонија, почнаа да се симнуваат и во текот на денот ќе бидат заменети со новото уставно име, Република Северна Македонија, согласно постигнатиот и ратифукуван договор меѓу Македонија и Грција.

Прва институција која ќе добие нов натпис Република Северна Македонија е владата, осамна без натписот на главниот влез, а штом ќе биде и официјално пристигната нотата од соседна Грција и објавена во Службен весник, дека Договорот е ратификуван во нивниот парламент, ќе бидат ставени новите букви со натписот на нашето ново државно уставно име.

На граничните премини новите табли со Република Северна Македонија се веќе пристигнати.

Името Република Македонија, кое го користевме за домашна употреба речиси 30 години, заминува во историјата. Во меѓународна употреба на официјални манифестации и политички настани, се користеше привремената референца, Бивша Југословенска Република Македонија.