Business Diaspora Mazedonien

Нова авионска линија Германија-Македонија

01.07.2019 Германија

Нова авионска линија Штутгарт-Охрид-Штутгарт

Германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ од денеска почнува да реализира летови на релацијата Штутгард – Охрид и обратно.

Патниците на првиот лет од Штутгард  денес пристигнаа на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле во 08:30 часот изутринава.

Од денеска, 1 јули, ‘Еуровингс’ ќе лета на дестинацијата Штутгарт-Охрид двапати неделно, секој понеделник и петок, до 9 септември, а од 17 јули авиокомпанијата ќе ја отвори својата втора сезонска дестинација од охридскиот аеродром – Дизелдорф, на која ќе лета секоја среда до крајот на август. Очекуваме овие две нови дестинации, Штутгарт и Дизелдорф, да го зголемат бројот на патници на аеродромот во Охрид, како и бројот на германските туристи на прекрасното Охридско Езеро.

На пречекот на патниците се обрати г.дин Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, компанијата концесионер на аеродромите, г.дин Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, и г.ѓа Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид.

АС