Diaspora Mazedonien Politik

Неколкудневна работна посета на министерот Димитров во Берлин

МНР Никола Димитров и ЗПВРСМ Бујар  Османи денес во Берлин се сретнаа и со Михаел Рот, државен министер за Европа. 

  

„Северна Македонија годинава претставува успешна приказна за Регионот и Европа. Затоа е важно поволниот моментум да биде искористен и засилен преку одлука за почеток на пристапните преговори во јуни. 

Тоа ќе значи потврда за историскиот пресврт што го направивме во односите со нашите соседи и силен поттик за домашната реформска агенда. 

Но, истовремено тоа ќе биде и неопходен сигнал дека европската перспектива е реална и дофатлива и дека Брисел и земјите членки објективно ги препознаваат и охрабруваат позитивните примери во Регионот” – истакна Министерот Димитров.

Се сретнаа и со Новата лидерка на ЦДУ , ја запознавме со тоа каде Република Северна Македонија беше пред неполни две години и каде е денес, како пример за добар сосед и стабилен и веродостоен партнер во Регионот. 

Постигнавме многу и продолжуваме да работиме со сите напори и дома и надвор, за заедно со нашите партнери да обезбедиме дофатлива европска перспектива за земјата” – истакна министерот Димитров, на средбата во Берлин

 Димитров и Османи, во Берлин, во Бундестагот на средба со пратеникот на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул. 

Работната посета на  Димитров во Берлин продолжи со средби во Канцеларијата на бундесканцеларката Меркел, со главниот советник за надворешна политика Јан Хекер, и заменикот главен советник за европски прашања, Франц Ноједер.

На  средби во Бундестагот, во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин, Димитров се сретна и со лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус

Пратеникот Јурген Харт, портпарол на ЦДУ/ЦСУ за надворешна политика и член на работната група во Бундестагот, по состанокот со Димитров: „После храбриот чекор во надминување на деценискиот спор со Грција, Северна Македонија ја има нашата полна поддршка за членството во НАТО и приближувањето кон ЕУ.”

АС