Mazedonien

МОРМ: Членството на нашата татковина во Алијансата на дело.

08.02.2019

Министерство за одбрана на Република Македонија:

Членството на нашата татковина во Алијансата на дело.

Раководителот на одделението за воздухопловна инфраструктура во Министерството за одбрана, г.дин Елвин Ејуб, член на Поткомитетот за пловидбеност на Комитетот на #НАТО за авијација, завчерашниот состанок на овој комитет го започна како претставник на земја од Партнерството за мир, а го заврши како претставник на земја со потпишан протокол за членство.

Елвин Ејуб е првиот претставник на Министерството за одбрана на Република Македонија кој седна на работен состанок со сите 29 земји-членки на Алијансата. Пораката од претседавачот на комитетот – Вие не сте повеќе партнер, вие сте НАТО. #НиеСмеНАТО ????????

Во прилог и Порака од министерката Радмила Шекеринска : „Има ли нешто поубаво од успехот? 

Честито драги сограѓани! За мене нема поголема чест од тоа што идната среда за првпат ќе ја претставувам нашата држава на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО. И најважното: секој успех ве прави двојно посилни кога се движите кон наредната цел“.

???????? #WeAreNATO ????????