Diaspora Mazedonien Unkategorisiert

Македонските државјани може да се вратат од странство, но мора да поминат 14 дена во изолација

15.03.2020 МАКЕДОНИЈА

Македонските државјани може да се вратат од странство, но мора да поминат 14 дена во изолација

По одлуката да се забрани влез на странци од земји со висок ризик за коронавирусот, премиерот Оливер Спасовски вели дека забраната не се однесува на нашите државјани кои се во странство.

По информациите дека македонски граѓани се заглавени на аеродроми и во земји со висок ризик, премиерот Спасовски вели дека патниците пред се мора да ги почитуваат мерките што ги преземаат државите во кои што се затекнале, но доколку успеат да се вратат дома, за нив границите се отворени.

„Ние носиме одлука и нашата одлука се однесува за странците од високо ризични земји. Нашите државјани може да се вратат, од каде и да доаѓаат но треба да бидат во излоација 14 дена“, рече премиерот Спасовски и додаде дека ја следат состојбата со сите наши државјани во странство. Сепак, посочи премиерот, државјаните кои се во ризични земји во моментов и да сакаат да се вратат дома не можат затоа што нема летови.

Министерството за надворешни работи вчера упати апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

АС