Diaspora Mazedonien Unkategorisiert

Македонија спроведува понавремени и подобри мерки од големите држави, меѓу кои и Германија.

16.03.2020 Македонија

Македонија спроведува понавремени и подобри мерки од големите држави, меѓу кои и Германија.

На седницата на Владата е донесена одлука и да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани и патници и возила освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, воено-медицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука. Министерот Филипче изјави дека се потврдени 5 нови позитивни случаи на коронавирус и двајца дијагностицирани во друга лабораторија кои треба дополнително утре да се потврдат во лабораторија во Институтот за јавно здравје.

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

[🔴Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Gepostet von Венко Филипче am Montag, 16. März 2020

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, упати апел до сите македонски државјани кои живеат и работат во странство и имаат престој таму, да не доаѓаат кон Македонија дури трае епидемијата на КОВИД 19.
Тој рече дека приоритет за државата се македонските државјани кои се заглавени на граничните премини и аеродромите и кои немаат друго место на престој, освен овде.

Владата на вечерашнава седница донела одлука и за замрзнување на цените на основните продукти.

Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е цената што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март, или пред 5 дена. Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни произвои, јајца, брашно, место, тестренини, лекови и дезинфекциони средства,

👉За 48 часа се затвора Аеродромот во Скопје, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки
👉Се затвораат сите гранични премини за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и возила со специјална дозвола
👉МВР задолжено да врши интензивни проверки на спроведувањето на самоизолацијата
👉Апел до граѓаните: не патувајте надвор од државата!
#ОстаниДомаСпасиЖивот

АС