Diaspora Kultur Lernen Mazedonien

Историски резултат, Тамара и Северна Македонија за прв пат во топ 10 на Евровизија

19.05.2019 МАКЕДОНИЈА

Историски резултат, Тамара и Северна Македонија за прв пат во топ 10

Иако после гласовите од жирито Северна Македонија беше на 2. место, сепак, гласовите од публиката од телевоутингот беа пресудни и нашата Тамара Тодевска го освои осмото место на овогодинешниот Евросонг во Тел Авив

Со 295 бодови, 33-годишната македонска пејачка ни обезбеди најдобар пласман досега на популарниот музички фестивал.

Од телевоунтигот Тамара доби само 59 поени, што не беше доволно да се искачи повисоко на рејтингот. На крајот Северна Македонија заврши со 295. поени.

Настапот на Тамара беше позитивно оценет не само од македонската, туку и од светската јавност.

На Евросонгот победи Холандија, кој и пред настапот беше главен фаворит.

Претходно, најдобриот резултат го постигна Елена Ристеска во 2006 година, кога нè претставуваше со песната „Нинанајна“ и стигна до 12. место.

Видео ⬇️⬇️⬇️

https://youtu.be/0pAURAsum4A

АС