Diaspora Politik

“Зелените” со голем скок на европските избори во Германија

26.05.2019 Германија

“Зелените”  со голем скок на европските избори во Германија

Историски лоши резултати за владеaчките партии во Германија на европските избори и огромен скок за Зелените.

Првичните прогнози велат дека и Унијата и СПД бележат голем пад во споредба со европските избори во 2014 година.

Христијанско-демократската (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоиле 28 проценти од гласовите, или 7,4% помалку отколку на европските избори во 2014 година.

Социјалдемократската партија (СПД)има најголем минус во споредба со претходните европски избори и тоа од цели 11,8% – според првичните прогнози таа на овие избори освоила 15,5%.

Зелените овојпат имаат огромен плус од 11,3% гласови и сега ја имаат довербата на 22 проценти од избирачите.

АС