Mazedonien Unkategorisiert

За прв пат во поново време, Владата во Македонија обезбеди два спасувачки хелихоптери за медицински цели

30.10.2019 Македонија

Здравство….

За прв пат во поново време, Владата во Македонија обезбеди два хелихоптери за медицински цели.

Досега невидено незамисливо на Македонскиот простор, спасувачки хеликоптери за тешко повредени пациенти во Несреќи кои се случиле во тешко достапни терени и бараат итни реакции за спасување на човечки животи ќе се решаваат со склучување на јавно приватно партнерство со приватна фирма и владата. Фирмата треба да има на располагање два хеликоптери и тим кои ќе треба да стигнат за 15 минути на местото каде ќе треба да има спасување.

Премиерот Зоран Заев објаснува дека оваа фирма ќе треба да и наплаќа услуги на државата во износ од 10 илјади евра. Во делот на инвестиции во подобро здравство сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија од октомври ќе добијат покачување од 15 отсто на капитација и фондот ќе го чини околу 465 милиони денари.

 

АС