Diaspora Mazedonien

За кои Македонци границите се отворени во Германија.?


13.06.2020 Германија ????????

Патувањето во Германија не е целосно забрането, еве за кои Македонци границите се отворени

Веста дека германската влада не порачува патување во 160 земји во светот заклучно со 31 август годинава, многумина ја протолкуваа и како забрана за влез на странски (македонски) државјани во Германија, иако тоа не е точно.

Државјани од трети земји (надвор од ЕУ) кои поседуваат долгорочна дозвола за престој, или пак виза за подолг престој, сепак можат да се вратат во своето место на живеење, пренесува Дојче Веле.

Тоа значи дека сите македонски државјани кои имаат дозвола за престој или виза, можат во било кое време да се вратат во Германија, доколку се разбира, пронајдат начин како да го сторат тоа имајќи ги предвид ограничувањата кои во моментов владеат во нашата земја.

Патувањето во Германија за туристи и натаму е ограничено за трети земји и таквото ограничување е донесено на ниво на ЕУ кое требаше да трае до 15 јуни, а сега се продолжува до почетокот на јули.

https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Transport/Anordnung_BMG_08_04_2020_Anlage.pdf?__blob=publicationFile

https://www.bundespolizei.de/Web/DE/_Home/home_node.html

АС