Diaspora Mazedonien

Заев: НАТО ни кажа добредојде. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир

Заев: Ова е голем историски ден, обезбедивме трајна стабилност за земјата

zaev_nato

Oва е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста Алијанса.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по потпишувањето во Брисел на Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

– Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

АС