Business Diaspora Mazedonien

Еуростат: Северна Македонија најевтина – Германија со најскапа струја во Европa

29.05.2019

Еуростат: Северна Македонија најевтина – Германија со најскапа струја во Европа

Во 2018-та година Македонските домаќинства заедно со српските користеле најевтина струја во Европа, објави „Еуростат“

Цената е 7,9€ за 100 киловат часови. Поевтина е само Србија, каде што електростопанството се уште е државно и цената е 7,1€ за 100 киловат часови. Најскапа електрична енергија плаќаат Данските и Германските семејства – 31,2, односно 30€. Сметките за струја се убедливо најевтини на Балканот ,зад Македонија и Србија се Турција со 8,6 ; Албанија со 9,1; Бугарија со 10,1 и Црна Гора со 10,3 €.

Македонија е една од ретките земји која за една година забележала поевтинување на оваа енергетска алтернатива, додека во повеќето земји од континентот таа поскапела во однос на 2017-та. Намалувањето во Македонија било за минус три отсто, а повеќе било само во Летонија со поевтинување од 4,5 проценти.

Македонија не отскокнува како многу поевтина кога станува збор за електричната енергија во стопанството и јавните објекти, бидејќи таму цената е 17,9 евра по 100 киловат часови. Данокот на сметките во Македонија е 15 отсто, помал е само во Малта со 6 проценти.

Од друга страна, индустријата и јавните објекти во Македонија плаќаат убедливо најскап гас. Цената минатата година тука била 13,8 евра на 100 киловат часови енергија што е далеку над европскиот просек од 6,7 евра.

Ниту кај домаќинствата ситуацијата не е кој знае колку подобра. Тука цената е 6,1 евра, но сепак е под европскиот просек од 6,7 евра. 

АС