Kultur Lernen Mazedonien

Долината на реката Радика

Долината на реката Радика

Живописната кањонска долина на реката Радика му дава посебна убавина на националниот парк Маврово. Во чистите бистри и студени води единствено може да се сретне радичката пастрмка. Запознавањето на кањонската долина на Радика, започнува кон патот за Дебар, од Трница. На ова место долги години наназад минувачите застанувааат на домашен бакардан и овчо кисело млеко.

Каде е лоцирана Радика?

Радика е лоцирана во најживописниот предел на Западна Македонија, а тоа е Реканскиот крај.Името го добил токму по смарагдната река, чија боја доаѓа од присуството на калциум карбонат во проѕирно-чистите води. Посебен шарм на долината на оваа река и дава и народната оргинална архитектура на селските куќи од околните села како Битуше, Јанче, Гари и Лазарополе. Реканците отсекогаш биле познати мајстори, фреско-сликари, копаничари, мозаичари.

Радика извира на 2.200 метри надморска височина под Враца.

Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км.

На овој пат таа прима четири притоки и тоа:

Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.

Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини.

Кањонот е стар неколку милиони години пробивајќи се меѓу планинските страни на:

Река на два слива

Најзначајна притока на Црн Дрим е реката Радика, долга 64,7 км. Реката извира на 2.200 метри надморска висина од врвот Голема Враца на Шар Планина. Реката го градела еден од најатрактивниот кањон милиони години, пробивајќи се меѓу плланинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад. На југ се граничи со Дебарската котлина, а на север со Шар Планина. Радика е единствена река со бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива, Јадранскиот и Егејскиот слив. Со канали дел од водите на реката се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЕЦ „Врбен“. Во својот тек Радика прима повеќе притоки од кои подолги од 10 км се само: Мавровска Река, р. Рибница и Мала Река.

Реканскиот регион своето име го добил од реката Радика и по нејзината притока Мала Река. Со оглед на изразито суровиот релјеф, со голем број планински врвови повисоки од 2.500 метри надморска височина, комуникацијата меѓу населбите се одвивала по речните текови. Главните правци по кои се одвива комуникацијата во целата област се теченијата на реките Радика и Мала Река (Гарска Река). Денес во овој дел се сместени и најголем број од живите и развиени села. Тоа се селата: Жировница, Врбјани, Ростуше, Битуше, Јанче, Требиште, Велебрдо, Скудриње, Присојница и Видуше.

Туристички локации по долината на реката

По патот кон нејзиниот извор, Радика има неколку туристички локации. Кон Ничпур и Стрезимир има неколку пристапни места каде може непречено, во мир и спокојство да се ужива во жуборот на водите на оваа преубава река. На првото, близу до регионалниот пат, направен е див авто-камп,а понатаму кај Ничпур се наоѓаат изворите во подножјето.

Хотел „ТУТО“ во Јанче,нов и современ хотел идеален за одмор и повеќедневен престој,за гостите организира прошетки и екскурзии во природа, Доволно е само да се земе во предвид дека во реканскиот регион има повеќе природни убавини и локалитети кои се интересни и привлечни за туристи.

Во долината на Радика, во реканскиот крај, во подножјето на планината Дешат, во националниот парк Маврово, се наоѓа еден од многуте водопади, кој плени со својата неповторлива убавина, е помалку познатиот Дуфски водопад природна реткост и убавина ,на само 2км од Ростуше.

Тука е и Свети Јован Бигорски, на надморска височина од 740 метри. Манастирот е положен во варовните карпи на кањонската долина на реката Радика, во бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра. Можност да се видат сите убавини со своите импозантни конаци, возвишени кули, живописни чардаци и традиционални одаи, прекрасни споменици на византиската архитектура,манастирот бил основан од монахот Јован во 1020 година.

АС