Business Diaspora Kultur

Делегација на германското стопанство во РС Македонија учесник на саемот во Хановер

03.04.2019 Deutschland

 

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија е учесник на саемот во Хановер

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство на работилницата која ќе се одржи во склоп на саемот ќе говори на тема: „Пазари за добавувачи и Startup-сцената на Западен Балкан“. Работилницата е наменета за компании кои се во потрага по нови добавувачи од земјите од Западен Балкан.
Посетителите ќе бидат информирани за најсилните стопански гранки како и можностите за соработка со добавувачите од западен Балкан. Фокус ќе биде ставен на металопреработувачката индустрија, производство на машини и уреди, електротехниката како и производство на делови за автомобилската индустрија.
Посебно внимание ќе се посвети на Startup-сцената од земјите од западен Балкан.

#PartnerInNorthMacedonia #Trade #MesseHannover2019 #Startup

АС