Business Diaspora

ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНСКИТЕ ГРАДОВИ ПРОТИВ ВИСОКИТЕ КИРИИ

07.04.2019

ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНСКИТЕ ГРАДОВИ ПРОТИВ ВИСОКИТЕ КИРИИ

ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНСКИТЕ ГРАДОВИ ПРОТИВ ВИСОКИТЕ КИРИИОрганизаторите велат дека имало протести во 19 градови со над 55.000 учесници. 

Десетици илјади маршираа вчера против растот на кириите во германските градови, а демонстрантите беа посебно лути на приватните компании за домување. На настанот во Берлин, полицијата не соопшти конкретна бројка, но кажа дека имало далеку над 10.000 демонстранти. Организаторите на маршот велат дека имало 40.000 учесници.

Маршот во Берлин помина низ неколку делови од градот, каде што многумина мораа да си заминат поради високите цени на кириите. Демонстрантите носеа транспаренти со слогани како „Да имаш дом е основно право“ и го осудија „лудилото со цените на кириите“.

Помали протести имаше и во други германски градови, како Минхен, Келн и Дрезден. Организаторите велат дека имало протести во 19 градови со над 55.000 учесници.

Во Берлин се собираа потписи за петиција за референдум за национализација на компаниите за домување. Иницијаторите на петицијата бараат компаниите што издаваат над 3.000 куќи и станови да бидат преземени од државата. Ако успее петицијата, Берлин, кој истовремено е и покраина, ќе биде обврзан да ги откупи тие куќи и станови.

Според проценките на берлинскиот сенат, откупувањето на приватните куќи и станови би ја чинело покраината над 30 милијарди евра.

АС