Diaspora Lernen

Германците се шампиони во рециклирање, да научиме како!

Во Германија за секое рециклирано шише добивате 0,25 €

Германците се шампиони во рециклирање, имаат различни бои на контејнери за секој отпад одделно и рециклирањето  строго се почитува.

Дневно сортирање на отпадот

Во станот има три вида на отпад. Има корпа за биолошки отпад, сина кеса за хартија и жолта кеса за пластика и конзерви. Проблем е кога некоја амбалажа е направена од пластика и хартија, па тогаш мора да се раздвои. Повеќето работи што еден жител  ги користи на дневна основа, припаѓаат на еден од овие два вида на отпад.

 

Неделно отстранување на отпадот

Во Германија постои годишен календар со датуми на кога се остранува различниот тип на отпад и истиот го добива секое домаќинство. Комуналната услуга се плаќа месечно во зависност од големината на контејнерот. На неделно ниво Секој жител  го фрла ѓубрето во поголеми корпи кои се наоѓаат во подрумот или дворот. На пример, хартиениот отпад од станот кој бил во сината кеса се носи во подрумот и се фрла во големата сина корпа, меѓутоа не се фрла сината кеса бидејќи таа се користи во повеќе наврати и на крајот се фрла во кесата за пластика. Жолтата кеса се врзува кога ќе се наполни па така и пластичниот и металниот отпад оди во подрумот. Зелената корпа за биолошки отпад се наоѓа во дворот и таму се фрла ѓубрето од малата корпа во станот, обично неколку пати неделно. Исто така, во дворот стои и кафеава корпа за различен отпад (отпушоци од цигари, пелени, скршени чаши, тацни и слично. Во цената за транспорт на отпадот, влегуваат и 2 до 3 празнења на оваа корпа по куќа, но доколку тоа треба да се прави почесто, секако се доплаќа. Ако отпадот се измеша и не е класифициран според пропис, се плаќаат казни.

Поврат за една флаша е 0.25 €

Пластичните шишиња и лименки кои имаат знак за враќање пари на пакувањето (разни сокови и енергетски пијалоци) се рециклираат со обработка во одредени машини за рециклирање. Повратот за флаша или конзерва е 0.25€. Кога сите искористени флаши ќе се вратат, на екранот на машината се појавува сума која машината ја печати на мала сметка. Кога купувате во Lidl или некој друг поголем супермаркет, сметката ја покажувате на каса и сумата на неа ви се одзема од сметката за купената стока.

 

Потребен е договор помеѓу станарите

Сите овие корпи и вреќи еднаш до два пати месечно се изнесуваат надвор за потоа собирачите на отпад да го соберат во камион. Постои посебен камион за секој вид на отпад. Понекогаш собирањето на различен отпад е во ист ден, а понекогаш не. Откако, комуналната служба ќе го собере отпадот, потребно е луѓето да ги вратат корпите на нивното место. Доколку куќата има поголем број станари, треба да се направи распоред кој кога ќе ги вади корпите, бидејќи тие што се наоѓаат надвор од становите се заеднички.

АС