Diaspora Mazedonien

Германски искуства и пари ,до посилна економија во Македонија

Утре НАТО во Брисел ќе го потпише Протоколот за членство на Македонија, во Берлин пак, прв оперативен состанок на македонско-германскиот управувачки комитет. 

 

Очекувањата се позитивни.

Првиот оперативен состанок на македонско германскиот управувачки економски комитет во Берлин ќе ги утврди конкретните контури на соработката но и поддршката која официјален Берлин ја најавува за Македонија. Вицепремиерот за економија во македонската Влада Кочо Анѓушев, како претседавач од македонска страна, во Берлин патува со конкретни идеи и проекти. Неговите очекувања, во пресрет на состанокот се позитивни:

„Јас патувам во среда во Берлин на прв оперативен состанок во делот на тоа да видиме кои се` проекти би можеле да дојдат во предвид, што е тоа што може да се развива во рамки на тој управувачки комитет, а веќе имаме и конкретни идеи. Детали за нив сепак не би сакал да изнесувам пред состанокот на кој очекуваме дел од нив да бидат прифатени и потврдени од двете страни. Сега имаме оперативен состанок на кој сакаме да расчистиме некои идеи, за да ни стане јасно на сите страни кои се потребите што се можностите и се да биде појасно. Официјалниот состанок на комитетот ќе биде во март во Берлин кога ќе бидат заклучени и некои поконкретни работи“, изјави за Дојче веле вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев.

Инфраструктурата во фокусот

Операционализацијата на македонско-германскиот управувачки комитет кој се формираше во ноември лани во Скопје, е од клучно значење за Македонија. Иницијативата е на германската канцеларка Ангела Меркел„Со ова се покажува конкретна поддршка за македонската влада и целиот овој процес што се случува и се надеваме дека ќе го искористиме најдобро што е можно за да имаме бенефит и за двете страни”, коментира Анѓушев. Дојче Веле