Diaspora Lernen Unkategorisiert

ГЕРМАНИЈА УТРЕ ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ

ГЕРМАНИЈА УТРЕ ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ

Ригорозни ограничувања се воведуваат во сѐ повеќе европски земји

Германија утре во голем дел ќе ги затвори своите граници со Франција, Швајцарија и Австрија за да се спречи ширењето на коронавирусот.

И други земји од Европската Унија најавија нови радикални мерки, па Австрија ќе забрани собири со повеќе од пет луѓе, а Холандија утре ги затвора сите училишта.
Романија прогласи вонредна состојба, а Чешка, која веќе ги затвори границите, би можела да се стави во карантин. Ова следува откако нови ригорозни мерки стапија на сила во Франција и Шпанија.

Во последните 24 часа, Шпанија пријави 97 починати и 2.000 новозаразени, додека во Франција денеска се одржуваат локални избори, иако во земјата има 91 починат и 4.469 потврдени случаи на коронавирус.
Во Швајцарија има 800 новозаразени во последните 24 часа, со што вкупната бројка порасна на повеќе од 2.200.
Германија ќе ги затвори границите утре во осум часот, но тие ќе останат отворени за оние кои одат на работа и за превоз на стоки. Во земјата досега има девет починати и 4.585 заразени. Полска, Чешка и Данска, кои се соседи на Германија, веќе ги имаат затворено границите.

АС