Business Diaspora

Во Германија отворен првиот е-автопат за камиони (Видео)

13.05.2019 Германија 

Германија отвори е-автопат за камиони.

Идејата за тролејбуси во комбинација со новите технологии би можело да биде ново решение за превозот со камиони и намалување на загаденоста од издувни гасови. Германија затоа воведи е-автопат со цел да го намалат загадувањето од издувните гасови на камионските дизел мотори. На овие автопати , има електрични спојки , слично како кај тролејбусите , напојувани од еднонасочна струја . Првата делница во должина од 10 километри веќе функционира

Технологијата ја разви компанијата Сименс , а системот овозможува камионите да се приклучат на електричната мрежа и да возат со брзина од 90км/час. Додека се на е- автопатот камионите возат на електрична енергија а потоа продолжуваат на дизел.

Според Сименс , сопствениците на камиони на овој начин може значително да заштедат. Така на поминати 100 000 километри , би заштедиле 20 000 евра за гориво.

Видео ▶️https://youtu.be/SJO4g_D4jow

Видео ▶️https://youtu.be/UB298IXBvtU

АС