Diaspora Unkategorisiert

Во Германија измерена рекордна температура од 38,6 степени

26.07.2019 Германија

Во Германија рекордно високи температури во месец јуни.

Во источно германскиот град Кошен-Бранденбург ,во близина на границата со Полска, денеска во 14:50ч е измерена температура од 38,6 Целзиусови степени, што претставува досега највисока регистрирана температура во Германија во текот на месец јуни.

Претходната рекордно највисока температура во Германија во јуни од 38,5 степени беше измерена во 1947 година 27-28 јуни во Булертал- Баден Винтерберг југозападен дел на земјата.

Голем дел од Западна и Централна Европа е зафатен со топол бран, при што метеоролозите предвидуваат дека би можеле да бидат надминати историските рекорди во висината на температурата за овој период од годината.

АС