Diaspora Mazedonien Politik

Влијателен германски екс функционер, од денес советник во владата на Северна Македонија

Валтер Деффаа ,највлијателен германски функционер во светот , од денес советник во владата на Северна Македонија

Валтер Деффаа (роден на 12 август 1951) е германски поранешен функционер на ЕУ и е генерален директор на Генералниот директорат за регионална политика. Претходно, тој го предводеше Генералниот директорат за оданочување и царинска унија и Службата за внатрешна ревизија.

 

Валтер Дефа, од денеска е специјален советник во Владата, номиниран од Владата на Германија. Дефа, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во спроведување на економските политики. Новиот советник доаѓа на предлог на канцеларката Ангела Меркел, кој е и платен од германската влада.

Дефа е првиот од најавените двајца советници што треба да ра ботат со македонската влада. Германскиот експерт денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, кој во оваа прилика истакнал дека меѓу приоритетите на нашата земја е профилирањето на стручна работна сила за потребите на странските инвеститори.

Валтер Деффа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисија, каде што извршувал повеќе должности меѓу кои како позначајни се издвојуваат неговите работни обврски како директор на Генералниот директорат за регионална политика, како и неговото раководење со Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија, соопшти прес службата на македонската влада.

Македонските влади и премиери имаа интересна историја со странски советници, кои во изминатите години доаѓале и на иницијативи на пријателски влади. Никола Груевски на почетокот од мандатот го советуваше една од најпознатите европски антикоруционерки, Романката Моника Маковеј. Со стаж на советници во Македонија се и југословенскиот реформатор Анте Марковиќ и Германецот Тео Вајгел, а во мемоарите на Стојан Андов е сведочењето за понудата на амерканските пријатели  болната трансформација на општествените претпртијатија да ја заврши екпсертот што ја препороди Естонија. Американскиот економист никогаш не добил прилика да работи на темата, иако поминал два-три месеци во Македонија, бидејќи неговите услуги тогашната влада ги игнорирала.

Господинот Валтер Деффа,предходно беше меѓу 44 највлијателните Германци во институциите ширум светот

АС