17.03.2020 Германија
Почитувани,
Првично Ви го доставувам СОС бројот на Кордадивното тело за нашите затекнатите државјани во СРГерманија, кои немаат престој и мораат да се вратат во татковината: 075 873 732, на кој можат да се обратат и да добијат првични инструкции.
Поради состојбите со Корона вирусот (COVID-19), за сите македонски државјани, кои се затекнати на аеродром или во некој од градовите во СРГерманија и мораат да се вратат во татковината, потребно е да се обратат на меил за помош во Дипломатско – Конзуларните преставништва во СРГерманија, зависно од тоа кое ДКП им е најблиску.
На сите македонски државјани, кои се затекнале на градовите или аеродромите во СРГерманија, на кои им е најблиску Конзуларното Одделение во Бон, потребно е на меил адресата: [email protected] да достават информации за заглавените лица со: име, презиме и бројот на патната исправа и да ја опишат на кратко состојбата во која се наоѓаат.
За сите оние, кои се заглавени со патнички автомобили, потребно е да се достави податоци за: типот на возилото и регистарските таблици.
Конзуларните преставништва ќе ги достават податоците до Министерството за надворешни работи и повратно ќе ве информира, како понатаму да стигнет до македонските граници и да влезете во татковината.
Конзуларното Одделение во Бон