15.05.2019
Иселениците побрзо ќе доаѓаат до извод од матично
Владата вчера на седница усвои Информација за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управата за водење на матични книги.
Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар до сега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење да поднесат барање за издавање извод во градот каде живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде е родено лицето.
Со ова поврзување овозможено е Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал. наведуваат од владината прес служба.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
УПРАВА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИТЕ КНИГИ
Бул. Св.Кирил и Методиј 54
1000 Скопје, Р.Македонија
E-маил: [email protected]
Тел: 02 3223-787
Fax: 02 3215-496
Доколку имате потреба од извод по електронски пат, барање можете да поднесете на следниот линк: ▶️https://e-portal.uvmk.gov.mk/external/portalHomePage
АС