Diaspora Lernen

Ангела Меркел ја отвори најголемата зграда на разузнавачка служба на светот – (BND-Bundesnachrichtendienstes)

09.02.2019 

Меркел ја отвори најголемата зграда на разузнавачка служба на светот – германската БНД 

Германкста канцеларка Ангела Меркел го отвори новиот комплекс на германската Федерална разузнавачка служба (BND-Bundesnachrichtendienstes)

▶️  https://youtu.be/PvwbzURuqaM

Комплексот во Берлин е граден 12 години , а трошоците се над една милијарда евра. Големината на комплексот на разузнувачката служба е колку 6 фудбалски игралишта.

Вработените во него не смеат да внесуваат приватни мобилни или лаптопи. Не смеат да ги проверуваат ниту приватните меил адреси , ниту на социјалните мрежи.

На крајот на работниот ден , сите картички за влез во зградата се заклучуваат во сеф. Зградата се наоѓа во близина на Берлинскиот ѕид и е една од најтајните згради во Германија.

,,Во светот кој е често збунувачки , сега повеќе од кога било , на Германија и е потребна силна и ефикасна разузнувачка служба. “ , рече Меркел на отворањето на најголемата зграда на светот со ваква намена.

Neuen Zentrale des Bundesnachrichtendienstes in Berlin.

AS