Diaspora Mazedonien Politik

Хајко Мас: Сите услови се исполнети за почеток на преговори со Македонија

12.09.2019 Германија

Хајко Мас: Сите услови се исполнети за почеток на преговори со Македонија

Сите услови се исполнети за почеток на преговори и ние го поддржуваме отворањето на овие преговори, во Бундестагот и во ЕУ, изјави денес во Берлин Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

На состанокот помеѓу двајцата министри беше направен пресек на постигнатото, актуелните случувања и изгледите во однос на нашите очекувања од октомврискиот Совет на ЕУ. Мас ја реафирмираше поддршката за Северна Македонија, истакнувајќи дека е оптимист во однос на очекувањата од Советот на ЕУ во октомври и дека не гледа веќе никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ.

“Ова е историска година за мојот народ – за македонскиот народ и за сите други заедници коишто живеат во Северна Македонија. Убеден сум дека со работа дома и со пријатели и отвореност која ја уживаме ние двајцата лично, но и Германија и Северна Македонија, мислам дека можеме да го направиме пристапувањето како што треба и можеме да го направиме овој регион навистина европски. Тоа е добро за луѓето во регионот и добро е за земјите-членки.” Изјави МНР Димитров на прес-конференција во Берлин по средбата со германскиот МНР Мас. 🇲🇰🇩🇪🇪🇺

▶️ https://youtu.be/crxPrWcwnHs

АС