Business Mazedonien

Странските инвеститори загрижени поради дефицитот на стручна работна сила во Македонија

23.01.2020 – Македонија

Странските инвеститори загрижени поради дефицитот на стручна работна сила

Трендот за иселување од Македонија не запира, младите често ја бараат среќата во други земји. Една од нив е Германија, која на пролет ќе го олесни добивањето на работна виза, а најлесно до визата ќе можат да дојдат здравствените работници и инжењерите.

Во Германија се поголеми платите, но исто така големи се и трошоците, а тоа често не се зема во предвид, вели заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Ото Граф.

Заменик амбасадорот вели дека една од алките која ќе помогне да запре одливот на граѓани е да се направат работните места по привлечни и дека помагаат во развивањето на индустиријата во земјава, што ќе доведе до повисоки плати, а тоа е еден фактор повеќе поради кој би ја задржале работната сила во Македонија.

Од Стопанска Комора велат дека се преземаат иницијативи што ќе ги мотивираат младите да останат во Македонија, а како една од мерките ги наведоа дуалните принципи на образование. Германија важи за еден од најголемите трговски партнери на Македонија , со која има трговска размена од 4,3 милијарди и учествува со скоро 27 проценти од вкупната трговска размена на Македонија со светот.

Во однос на трговската размена со ЕУ, околу 38 проценти припаѓаат токму на размената со Германија.

АС