Kultur Lernen Mazedonien

Скопски земјотрес, 26.07.1963 годинa

Пред точно 56 години големиот часовник на Старата железничка станица замрзна во Скопје. До денешен ден сведочи дека само дваесет секунди беа доволни да запре животот на градот, животот на над илјада скопјани, а кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата.
Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.
За неколку дена најголемите имиња на светската архитектура дојдоа во Скопје и ја обединија желбата на милионите обични луѓе кои се молеа и донираа за Скопје, повторно да го врати пулсот на градот.
Денес без разлика на новите рани направени со антиквизацијата, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, но и на оние кои градот го направија сериозно поглавје во модерната архитектура.
Скопје се сеќава!
АС