Diaspora Kultur Lernen Mazedonien

Северна Македонија во државите што дале најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година

15.01.2020 Македонија

Која нација најмногу напредуваше во 2019 година” : Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд


Mагазинот #TheEconomist, во својата традиционална ранг-листа што ја објавува на крајот од секоја година, ја вброи Северна Македонија во државите што дале најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година.
Во текстот насловен „Која нација најмногу напредуваше во 2019 година“, Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд се посочуваат како држави кои најмногу напредувале во изминатата година, додека овогодишен победник е Узбекистан, земјата која, како што наведува весникот, го укина ропството.

#TheEconomist за Северна Македонија пишува како за импресивен пример, која преку промената на името придонела за промоција на мирот во соседството.
„Грција се противеше на поранешното име на земјата, Македонија, поради грчкиот регион со исто име. Грчката непопустливост го блокираше пристапување на земјата во НАТО и започнување на преговори со Европската Унија. Пратениците во Скопје ја проголтаа гордоста и изгласаа промена на името на државата. Гласањето се случи во февруари годинава. Односите со Грција сега се многу подобри. Изворот на раздор сега е отстранет од нестабилниот регион. Северна Македонија е на пат кон полноправно членство во НАТО.

АС