Diaspora Mazedonien Sport

РК Вардар европски ШАМПИОН!

03.06.2019 Германија 

РК Вардар е европски ШАМПИОН!

РК Вардар е најголемиот македонски освојувач на сите времиња!

Вардар се качи на европскиот ракометен трон и оваа година, „црвено-црните“ испишаа историја откако триумфираа во финалето во Келн против фаворизираниот Веспрем.

Резултатот на полувреме беше 16-11 во корист на црвено-црните, за на крај Вардар да издвои победа со 27-24.

Македонскиот ракометен шампион ја покори Европа.

„Црвено-црните“ стигнаа на фајнал форот како класични аутсајдери, бомбардирани со приказните за заминувањето на Сергеј Самсоненко од клубот и неисплатени плати, а се враќаат како најдобар тим на стариот континент и тоа по вторпат за три години.

Според последните најави ќе биде организиран чертер лет и вардаровите херои наместо на полноќ, во Скопје ќе пристигнат во 18:30 часот,со чартер лет кој го обезбеди град Скопје, од аеродром ќе се упатат до плоштадот „Македонија“, каде ќе им биде организиран достоен пречек.

АС