Diaspora Mazedonien Politik

Премиерот Зоран Заев утрово имаше средба со канцеларката Ангела Меркел во Берлин

Премиерот Зоран Заев имаше позитивна средба со канцеларката Ангела Меркел во Берлин.

Бундестагот ќе донесе одлука за одобрување почеток на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. Германија е и останува стратешки партнер на нашата држава.

Уверени сме дека Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година , истакнаа извори од кабинетот на Премиерот.

ФБ статус на Премиерот Зоран Заев :

Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година.

Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.

➡️ vlada.mk/node/18197

АС