Diaspora Kultur Mazedonien Politik

Премиерот Зоран Заев на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата

04.12.2019

За прв пат во историјата на Македонија, премиер на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата.

Премиерот, Зоран Заев, кој ја предводи делегацијата на нашата земја на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон со кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата, синоќа присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата. На приемот присустуваа сите делегации кои учествуваат на состанокот.

Исто така, Заев со неговата сопруга Зорица, беа гости и на вечерата што ја приреди премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, во неговата резиденција во центарот на Лондон.

Галерија