Business Diaspora Kultur Mazedonien Sport

Прва посета на грчки премиер на нашата земја,со право ја нарекуваат историска. Ова е прв доказ за де факто признавање на Република Северна Македонија од грчка страна.

02.04.2019 Македонија

Во текот на првата официјална посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија се очекува потпишување на договори во областа на економијата, одбраната, транспортот и инфраструктурата. За попладне во 16 часот предвидена е бизнис средба меѓу македонски и грчки бизнисмени.

на помалку од три недели од изборите за претседател во Македонија, на првата официјална посета на еден грчки премиер во земјата, со ново име (Северна Македонија) се очекува да се зајакне профилот на Заев. Овие избори се многу важни за Заев, затоа што тие се можност да се обезбеди претседател кој ќе нема негативен став  каков што е сега, на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Ќе бидат потпишани повеќе билатернални договори, вклучувајќи и договори за соработка во одбраната меѓу двете земји и за отворање на граничниот премин Промахос –  Пела. Исто така, двете Министерства за надворешни работи ќе  потпишат Меморандум за разбирање за забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и Меморандумот за разбирање потпишан од страна на воздухопловните власти на двете земји, но исто така и договори меѓу државните компании за гас, ДЕСФА од Грција и македонската МЕР.

Ципрас, кој сака да докаже дека се широко отворени нови можности за раст за двете земји, ќе го придружува речиси половина од кабинетот – ќе дојдат 10 министри, но и поголема делегација со околу 70  бизнисмени. Во Скопје, исто така, се очекува да биде објавено и воспоставувањето на Заедничкиот комитет ќе работи советување за решавање на споровите кои произлегуваат во критична област на трговски марки.

Меѓу грчките бизнисмени ќе бидат и  извршните директори на Агрофуд, Титан, ТЕРНА, Неуропаблик, ИНТРАКАТ која ја гради Клиничката болница во Штип,  потоа во составот на бизнис делегацијата се директори од компании кои се занимаваат со дистрибуција на гас, моторно масло, масилново масло,градежништво, енергија, метали и компјутерски технологии, како и претставници на приватните образовние институции и универзитети.

Според програмата, прес конференцијата на Ципрас и Заев во Владата е закажана во 12.30 часот, по што следи средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, попладне е бизнис форумот.